Сабота, квалификации за ЕП, мои предлози!
Денес имаме еден куп интересни натпревари со уште поинересни коефициенти . Да не знае човек за што да се одлучи! Башка, по нетов има анализи на сите утрешни натпревари повеќе од било кога. Да ти е мерак да ставиш тикет. Предлозите што се означени со * според мене се најсигурни. Од овие осум предложени парови, очекувам да поминат седум. Ќе напишам по нешто за секој предлог, само по ред два, колку да не е без ич. Ако сакате подетални анализи, лесно ќе ги најдете.
- *Faroe Islands - Ukraine 2 1,15 √ (0:2)
- *Norway - Bosnia-Herzegovina 1 1.45 x (1:2)
- *Netherlands - Romania 1 1.45 x (0:0)
- Israel - England 2 1,85 x (0:0)
1. Фарските острови би требало да и направат еден добар и опуштен тренинг меч на Украина утре. Очекувам резултат како на пр 0:4, и покрај тоа што можно е Шевченко да не настапи.
2. Во Фудбалската федерација на БиХ веќе некој период има големи проблеми и расправии помеѓу раководството на федерацијата, репрезентативците и сите што на било каков начин се инволвирани во босанскиот фудбал. (познато ви е ова од некаде?!, среќа што кај нас барем во репрезентацијата е сè ОК). Поради гореспоменатата ситуација скоро цела прва постава од репрезентацијата на БиХ утре нема да настапи. Очекувам да попијат едно 3 парчиња од норвежаните утре.
3. Многу играчи од холандската репрезентација играат во опасно добра форма, ќе недостасува само Робен од стандардните првотимци. Во групата во која настапуваат во овие квалификации мора да се освојат сите бодови на домашен терен за сигурен пласнам на ЕП. Очекувам без поголеми проблеми да ја победат Романија утре. На Романија ќе и недостасуваат тројца битни играчи.
4. Израел не е воопшто наивна репрезентација. Покажаа заби на сите досегашни противници во квалификацииве. Несреќно изгубија од Хрватска дома. Сепак, и покрај тоа, јас типувам 2. Англија веќе еднаш загуби од Хрватска и нема да може да калкулира утре. Англиските репрезентативци се преморени поради огромниот број натпревари, што е минус за нив. На другата страна пак, ќе недостасуваат 4-5 стандардни првотимци кои претежно играат на островото. Англија е сепак Англија. Израел ќе изгуби утре. Точен резултат 1:2 . :)

- *Portugal - Belgium 1 1.45 √ (4:0)
- Spain - Denmark 1 1.65 √ (2:1)
- Estonia - Russia 2 1.65 √ (0:2)
- *Kazakhstan - Serbia 2 1.30 x (2:1)
1. Португалија нема право за кикс, не смеат ни да помислат на ништо друго освен победа. Го имаат Кристијано Роналдо, еден од најдобрите играчи во светот во моментов. За Белгија пак, no comment. Или евентуално коментар како Мистерија. Без многу размислување, тип 1.
2. Нешто слично како за Португалија важи и за Шпанија. Натпревар да се биди или не. Ќе мора да победат! Далеку од тоа дека Данска е слаба, но сепак, очекувам црвената фурија да го оправда вториот дел од својот прекар утре.
3. Русија прилично лесно не исплеска во Скопје. Бев на Градски и го гледав тој натпревар во живо. Мислам дека полека застануваат на нозе по првите неколку несигурни игри под водство на Хидинг. Естонија пак, игра очајно, нема постигнато гол на трите натпревари што до сега ги одиграла во овој циклус квалификации. Башка, ќе им недостасуваат двајцата најдобри играчи во моментов. Ништо друго освен 2.
4. Во земјата на Борат покрај убивањето кучиња, доста популарен спорт е и фудбалот. Не знам дали сте знаеле за ова. :) Btw, oва е првиот натпревар од утрешната програма. Почнува во 1400 часот. Тип 2, без многу размислување.

Приложените коефициенти се од SportLife. Јас како што веќе споменав во пар наврати, од пред извесно време се обложувам онлајн на bwin.com. Сепак, коефициентите им се многу мали, и бидејќи јас се обложувам на натпревари со мали коефициенти прилично ми е неисплатливо. И покрај неверојатната удобност што онлајн обложувањето ја пружа, размислувам да се вратам на класичното обложување.
Како што гледате моите осум предлози се поделени во две групи од по четири натпревари, големи се шансите јас така да ги уплатам, а ако направам некаква промена, ќе го променам и постов. Среќно на сите. Ако имате некој аргумент против некој од моиве предлози, знаете што треба да сторите!
П.С. Еве и некој бонус предлог, во случај да ви недостасуваат пар или два. Само за вас, лејдис енд џентлмен, АФРИКА:

- Cameroon - Liberia 1 1.20 √ (3:1)
- Senegal - Tanzania 1 1.25 √ (4:0)
- Seychelles - Tunisia 2 1.45 √ (0:3)
- Madagascar - Ivory Coast 2 1.15
Нема коментари:
Објави коментар