понеделник, 16 април 2007 г.

Oнлајн обложување

update:
Пред да го прочитате текстот, треда да го земете во предвид следниов факт:
“според преставниците на Министерството за финансии строго е забрането и по закон казниво македонските државјани да се обложуваат на домашни и странски интернет сајтови.„

Веќе подолго време се спремав да напишам текст (упатство) за онлајн обложување. Но поради обврски, а и порадни некои лоши ствари што ми се случуваа во последно време, не можев да напишам ништо. Писаниево што следи е краток водич за онлајн обложување, и сè што ќе прочитате во него е напишано исклучиво врз база на моето досегашно искуство.

Ќе почнам со предностите на онлајн обложувањето. Прво и главно, едноставно е! Нема трчање до обложувалница во последен момент, нема чекање редови, купување билтени, калкулатори, па пресметување коефициенти, пишување шифри на лифчиња и слично. Кај онлајн обложувањето го гледате билтенот на самата веб страна, со клик на секој од типовите што ви се чинат интересни за игра вашиот тикет почнува да се креира, за цело време додека одбирате парови ги гледате дотогаш избраните типови и вкупниот коефициент што тие го прават. Кога ќе завршите со бирање парови ја внесувате сумата која сакате да ја уплатите и системот на обложувалницата ви ја кажува потенцијалната добивка. Минималната уплата е 0.5 €, значи, околу 30 денари. Исто така, многу голема предност е изборот на натпревари што може да се играат, на bwin може да се типува и македонска прва лига и уште безброј други лиги кои во нашиве обложувалници не може да се играат.
Недостатоци! Главна и прилично голема маана на онлајн обложувалниците се ниските коефициенти. Некогаш се стварно мизерни и не можат да се споредат со оние од локалниве обложувалници. Россонеро често ми се смее кога ќе му кажам со какви коефициенти се обложувам на bwin, но тоа е тоа, нема ништо идеално.
За да отворите сметка во некоја од онлајн обложувалниците потребна ви е кредитна или во некои случаи дебитна картичка. Може и без картички, но така целата процедура е прилично мачна. Кај повеќето обложувалници минимумот со кој може да се отвори сметка е 10€ (или ако сакате да работите со друга валута, тогаш противвредноста на соодветната валута). Битно е да се напомене дека исплата вршат само од сметки на кои има минимум 30€, значи, ако имате помалку од 30€ не може да направите исплата. Плаќањето како што реков најпрактично е да се прави од кредитна картичка, јас имам Master Card од Тутунска банка и до сега не сум имал никаков проблем. Исплатата е малку проблематична. Кога јас прв пат правев исплата морав да отворам девизна сметка во банка затоа што од мојата Маster Card сметка тие може да земаат ама не може и да префрлуваат средства. Па така, уплаќам преку Master а ми исплаќаат преку мојата девизна сметка во ПроКредит банка. Аплицирав и за Visa Еlectron дебитна картичка во истата банка, картичката може да биде поврзана со мојата веќе отворена девизна сметка и преку истата од банкомат ќе можам да ги подигам средствата од исплатите (секако, доколку истите ги има :)). На страната за уплата и исплата видов дека со Visa или Visa Electron (дебитна картичка) може да се прават трансакции во двата правци, значи и исплаќаат и примаат уплати преку истата сметка т.е. картичка. Тоа причично ја поедноставува целата процедура. Јас за два - три дена треба да ја добијам мојата Visa Electron картичка па ќе ви кажам дали сè оди како што треба со уплатите и исплатите. Ако немате било каква картичка, одете во ПроКредит банка, таму за 10 дена без било каков надоместок ви прават Visa Electron картичка со девизна сметка. Уплаќате пари на истата, се обложувате, ако имате исплата ја правите исплатата на истата сметка и парите ги подигнувате од банкомат. При подигнување средства од банкомат на ПроКредит банка нема никаква провизија. Нема провизија при трансакцијата помеќу вашата онлајн обложувалница и банката само при првата трансакција во месецот и при трансакциите со повеќе средства од 1000€. Јас не сум имал искуство со повеќе од една трансакција па не знам колкава е провизијата, како и да е, не верувам дека се работи за големи пари.
Поради недостаток на време не сум ги разгледувал останатите познати онлајн обложувалници, можно е да има некоја со повисоки коефициенти, ако вие најдете таква би било фино да не известите со коментар. И исто така, ако се одлучите за онлајн обложување, би ви препорачал да се обложувате само во познати обложувалници, затоа што се случуваат тешки кражби од време на време.
И уште една работа, да не заборавам да споменам. Секој што има отворено акаунт на bwin.com има можност да испрати покана до свој пријател, покана за отворање сметка за обложување на bwin. Ако јас испратам покана до некого, и тој/таа ја прифати поканата, т.е. креира акаунт на bwin.com тогаш тој добива 10€ бонус. Во моментот кога новиот член кој отворил сметка со моја покана на bwin ќе потроши 30€ за обложување и мене ме наградуваат со 10€. Значи, ако некој од вас се одлучи да отвори акаунт на bwin нека ми пише на betadvice[at]mt.net.mk јас ќе му испратам покана и со тоа и тој ќе добие 10€ почетен бонус, понатаму можно е и јас да добијам 10€, како што впрочем пишав погоре.
Тоа е тоа, главно. Можеби нешто пропуштив затоа што пишував без концепт, но верувам дека најбитните моменти се јасни. Ако ми текне нешто плус ќе го едитирам текстов и ќе напоменам што е додадено. Ако пак некој од вас имал искуство што не е спомнато во текстов, би било супер преку коментар да го сподели со нас.

update1: Заборавив да напоменам дека, има одлична евиденција и статистика за сите тикети што се одиграни, за сите уплати, исплати, добивки и слично. Во секое време може да знаете колку сте во плус или минус, колку натпревари ве “изгореле“ на последните тикети. Која ви била најголема уплата, која најголема добивка итн. Куре во коментар спомена и дека доколку чекате еден натпревар за добивка и на истиот може да се обложувате во живо тогаш прилично е едноставно да ја заштитите потенцијалната добивката.

16 коментари:

Анонимен рече...

Zaboravi da pises za livebetting, deka ako slucajno ti gubi utakmicata sto ja cekas mozes da se kladis vo zivo (za nekoi utakmico) i barem da si gi vratis parite!!!!

алекса ангелов рече...

тачно, мада мене секогаш ми се погаѓа тие натпревари што ги чекам за добивка да ги нема за обложување во живо :))

алекса ангелов рече...

пишав и ова куре..

Анонимен рече...

во врска со малите коеф.на овие он лајн кладилници.колу порано ги уплатис се поголеми а неколку часа пред натпреварот најчесто опаѓаат.

Анонимен рече...

bet,pisi email za acount

batstuta рече...

za otvaranje smetka pri online oblozuvanje.imam VISA na UNI BANK

алекса ангелов рече...

betadvice[@]mt.net.mk ... без заградите...

Анонимен рече...

Zdravo. Go procitav tvojot post i gore dolu e taka kako sto e napisano. I jas imam kreditna od Tutunska (master) i n e sum imal problem so uplata na BWin. Po nekolku meseci reshiv da podignam pari od smetkata. Otvoriv smetka devizna vo Uni banka i Bwin kulturno mi gi prefrli parite za 4 dena (rabotni). Koga otidov vo banka mi dadoa da potpisam izjava deka ne sum gi zarabotil parite so privatna dejnost. Ok. Koga me prasaa od kade mi se rekov isplata od internet kladilnica. Tipot svrte 2 telefoni i mi rece deka od Narodna banka na RM vakvite isplati se strogo zabraneti. Jas u chudo, pa kladenjeto ne e zabraneto a ako treba nekoj danok kje si platam nema problem - mu vikam. Nejse. Jas pisav deka isplatata e honorar i si gi zemav parite. Dali si podigal pari od od Bwin preku devizna vo Prokredit? I dali nekoj nesto ti mrchel kako na mene? Chekam da pishsh za iskustvata so master i devizna smetka zashto i jas planirav da go napravam istoto. Pozdrav i GL.

Анонимен рече...

Upss, mislev iskustva so Visa i isplata preku istata.

Pozdrav

алекса ангелов рече...

денес ја подигнав картичката, а ќе биде активна од утре... утре задутре ќе пишам... поздрав!

Анонимен рече...

Ne mi pisha za podiganje od devizna smetka? Dali si podignal do sega kesh od Bwin preku devizna smetka na Prokredit banka? I ako si dali ti postavuvale glupi prashanje. Chekam komentar za iskustvata so kreditnata. Se najdobro. I da dobiesh za da mozesh da povlechesh nekoja para.

Pozdrav i GL:)

алекса ангелов рече...

ne sum podigal, ne sum ni proveril dali parite se prefrleni, ali bi trebalo da se zatoa shto mi gi trgnaa od smetkata na bwin. Chekav da mi ja napravat kartichkata, sakav da probam direktno so kartichka od ATM... vo ProCredit mi rekoa deka tek od utre kje mi bide aktivna kartichkata... kje probam utre i kje ti kazham dali prvite pari shto gi isplaltiv se tamu...

Анонимен рече...

Bet novosti?

алекса ангелов рече...

нема пари на сметка!!! Им пишав мејл на фајненшл с’порт (оние на кои им праќав скениран пасош) и чекам одговор, зашто парите не се префрлени.... ќе биде апдејтуван постов обавезно...

Анонимен рече...

Bet jas dobiv vakov mail 2 dena posle moeto baranje za isplata

Obrada Vašeg zahtjeva uspješno je okončana. Našem financijskom partneru dali smo nalog za isplatu na dolje navedeni račun u visini od...
(izbrav hrvatski jazik za support)

posle 4 dena kesh imashe na smetka.

Ako kartichkata e na tvoe ime, i deviznata smetka e na tvoe ime ne bi trebalo da imash problem. I ako si 18+ sekako:)

kako i da e so srekja i pishi shto kje se sluchi.

pozdrav i GL

алекса ангелов рече...

UPDATE: Povekje ne mozhe da se prefrluvaat pari i da se igra vo bilo koja stranska oblozhuvalnica!!!! Poradi odluka na ministerot za finansii...

Google